Поврзете се со нас

Балкан

Трајковски за мајсторијата: Првпат давам гол од корнер, сакав…(ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hnkhajduk

Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски постигна прекрасен погодок на денешниот пријателски меч кој неговиот Хајдук го одигра во унгарскиот прволигаш Мол Фехервар.

Каква мајсторија: Трајковски од корнер го матираше Мол Фехервар (ВИДЕО)

Хрватскиот тим славеше со 5-2 во дуелот во кој Трајковски дефинитивно го одбележа затоа што успеа да даде гол директно од корнер во стилот на Артим Шаќири.

На Трајковски му е драго поради ова мајсторија, но самиот признава дека во оваа ситуација имал помош од ветерот.

-Ова е првпат да постигнам гол од корнер. Сакав силно да центрирам, влезе со помош на ветрот. Секогаш сакам малку посилно да нафрлам, секако не целим намерно кон голот. Се обидувам, па ако се случи, може да биде и гол, -истакна Алекс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни