Поврзете се со нас

Репрезентација

Трајковски: Со селекторот си простивме, се беше во жарот на борбата

Објавено

на

Бојан Трајковски одигра уште еден добар меч за Македонија и беше меѓу најзаслужните што ја победивме Швајцарија (67-61) на натпреварот во СЦ „Јане Сандански“.

Членот на Пелистер беше втор стрелец со 15 поени зад Адем Мекиќ (16) и со тоа како капитен придонесе за да направиме огромен исчекор кон пласман во главните кваликации за Светското првенство во 2023 година.

-Секако дека сме задоволни сите, напорно работевме и испочитувавме се што требаше да испочитуваме. Се бодревме и боревме, сите бевме заедно, на крајот резултатот е во наша корист. Швајцарија е една одлична репрезентација, со години наназад растат како национален тим, така што, на крајот добро е што резултатот заврши во наша полза и се реванширавме, -истакна Трајковски кој проговори и за малиот инцидент во првото полувреме кога имаше недоразбирање со селекторот Драган Бајиќ.

-Со селекторот сме одлични, сите работи што се случија пред полувремето беа во жарот на борбата. Двајцата сме малку емотивни, сакаме да победиме. Си подадовме рака и си простивме еден на друг, -искоментира кратко и директно ветеранот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни