Поврзете се со нас

Балкан

Трајковски со хет-трик и асистенција ја заврши сезоната во Хрватска (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hnkhajduk

Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски со фантастична партија во дресот на Хајдук ја заврши кампањата 2023/2024 во Хрватска.

Трајковски блескаше на гостувањето во Загреб кај Локомотива каде постигна три гола и забележа асистенција во славјето на неговиот тим од 5-2.

Напаѓачот во финишот на сезоната почна редовно да добива шанса, а на теренот возврати со квалитетни изданија, голови и асистенции.

Алекс ја завршува кампањата во ХНЛ со 7 гола и 3 асистенции на 17 натпревари. Клубот од Сплит пак го комплетира шампионатот на третата позиција зад Динамо Загреб и Ријека.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни