Поврзете се со нас

Лига на нации

Трајковски: Сакаме победнички крај на ова издание на Лигата на нации

Објавено

на

Селекцијата на Фарски Острови е последниот противник на македонската фудбалска репрезентација во Лигата на нации, противник на кои сме домаќини утре со почеток од 15 часот.

Пред неколку дена ја совладавме Летонија (1-0) и со тоа го потврдивме првото место во групата и пласманот во Б дивизијата на ова натпреварување, меѓутоа избраниците на Милевски не се задоволуваат и сакаат со нов триумф на идеален начин да го затворат настапот во ова издание на ЛН.

-Постои мал замор бидејќи играме во три дена два натпревари, но не е прв пат да имаме ваков ритам. Секогаш сакаме да го дадеме најдоброто од себе и наша цел е со победа да го завршиме ова издание во Лига на нации. Треба да бидеме фокусирани и доколку го дадеме максимумот сметам дека може да ја оствариме целта и три бода, -порача Александар Трајковски.

Само за потсетување првата средба која се одигра во Торшавн заврши без победник 1-1, единствениот гол за Македонија беше дело на Енис Барди од пенал.

Милевски: Прашањето за првото место е решено, но си поставивме уште една цел…

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни