Трајковски и Ристовски на листата на најскапо продадените странци од хрватскиот шампионат

stefan ristovski

Хрватската верзија на специјализираниот сајт за фудбал „Гол“ по повод трансферот на Анхело Енрикез од Динамо Загреб во Атлас за 1,5 милиони евра направи листа на продадените странци од ХНЛ при што место има за двајца Македонци, Александар Трајковски и Стефан Ристовски.

На таа листа Трајковски фигурира со преселбата од Интер Запрешиќ во Зулте Варегем за сума од 1,1 милион евра, додека пак посвежа е зделката на Ристовски кој ја напушти Ријека за Спортинг Лисабон за цена од 1,15 милиони евра.

На списокот се и имиња како Жуниор Фернадеш, Марк Видука, Сенијад Ибричиќ…

Facebook Коментари