Поврзете се со нас

Шпанија

Трајковски првпат стартер, Атлетико пресилен за Мајорка (Видео)

Објавено

на

blank

Мајорка се обиде, но не успеа да освои бодови на гостувањето кај Атлетико Мадрид, забележувајќи уште еден пораз сезонава во шпанското првенство (3:0).

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски конечно доби шанса да биде стартер за својот тим и играше до 57. минута, а најдобриот обид да го совлада Облак му беше изблокиран од одличниот Хименез.

Резултатот го отвори Мората од пенал, кој првпат не го реализира, но беше поуспешен во повторениот обид, кој му беше доделен поради ВАР одлуката дека фудбалерите на Мајорка прерано втрчале во шеснаесетникот.

Мората во судиското продолжение реализираше и од игра и ја најави победата на Атлетико, а истата ја запечати Коке во 79. минута од средбата.

Атлетико и по ова коло ќе има најмалку два бода предност во однос на четвртопласираната Севилја, која допрва ќе го игра својот натпревар, додека Мајорка е се поблиску до втората шпанска лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни