Трајковски пред преселба во португалски гигант

trajkovski

Повеќе е јасно е дека македонскиот репрезентативец Александар Трајковски ова лето ќе ја заврши својата приказна со Палермо, клуб кој се соочува со големи проблеми.

Нашиот ас кој од 2015 година е дел од составот од Сицилија има многу понуди на маса за промена на средината како на пример од Турција, САД, Обединети Арапски Емирати, Италија… но според информациите на добро информираниот новинар Алфредо Педула, напаѓачот е на добар пат да заврши во Португалија и тоа во редовите на Спортинг Лисабон.

Спортинг го посакува Трајковски и во него гледа идеална замена за Бруно Фернандеш кој сигурно ќе го напушти тимот во овој трансфер период. Според истиот извор се работи за четиригодишен договор, па ако се остварат овие најави тогаш Аце ќе му стане соиграч на Стефан Ристовски.

Трајковски во досегашната своја кариера освен во Македонија и Италија има настапувано во Хрватска и Белгија.

Facebook Коментари