Поврзете се со нас

Атлетика

Трајковски освои сребрен медал и постави нов македонски рекорд (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/akrabotnicki

Македонскиот атлетичар, Андреас Трајковски имаше успешен настап на 28. Балканијада која се одржува во Истанбул.

Трајковски постави нов македонски рекорд во во сала во дисциплината скок во далечина, односно неговите 7.79 метри беа доволни за да го освои сребрениот медал на ова натрпеварување што се одржува во турската престолнина.

Нашиот ас до последната серија беше на првото место со скок од 7.75 метри, меѓутоа Хрватот, Лука Чукрковиќ во 6-та серија прескона 7.81 метри што на крајот се покажа како доволно за злато.

Андреас во 6-та серија дојде до 7.79 метар, резултат доволен за второ место. Третата позиција пак ја зазема Божидар Сарабуков од Бугарија со 7.74 метри.

Кога се во прашање нашите преставници, Дрита Ислами го освои 9-то место во трката на 400 метри со време од 56.54 секунди што е послабо од нејзиниот најдобар резултат оваа сезона, 55.84 секунди остварен пред една недела на атлетскиот митинг во Белгија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни