Поврзете се со нас

Атлетика

Трајковски остана на три сантиметри од рекордот и освои бронзен медал на Балканското првенство (Видео)

Објавено

на

Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски минатиот викенд го подобри државниот рекорд во дисциплината скок во далечина, а денеска освои бронзен медал на Балканското првенство на кое најави дека ќе настапи.

Балканскиот шампионат се одржа во Истанбул во затворени услови (сала) и македонскиот претставник го имаше третиот најдобар скок, поради што се најде на пиедесталот и доби медал, прв како член на македонската атлетска Федерација.

Момчето кое е родено во Копенхаген доби дозвола од Светската Атлетска Федерација да настапува за Македонија, а по соборувањето на националните рекорди, денеска пристигна и првиот медал.

Андреас го освои третото место со резултат 7.62 метри и остана на три сантиметри од државниот рекорд кој тој го постави, а подобри од него беа само хрватскиот и албанскиот претставник.

Марко Чеко од Хрватска со скок од 7.71 го освои среброто, додека златото му припадна на Измир Смајлај со скок од 7.79 метри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни