Поврзете се со нас

Европски првенства

Трајковски: Одиме на победа против Русија

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација претрпе пораз од Италија во премиерниот меч во „балонот“ во Перм, но веќе истиот е зад нас затоа што веќе денеска не очекува нов предвицик од квалификациите и тоа против домаќинот Русија.

Ова е уште една тешка задача за избраниците на Александар Тодоров, меѓутоа водени од вчерашната добра партија против Италијанците се надеваат и веруваат дека Русија може да падне пред нив.

Нема да менуваме ништо. Она што го одигравме вчера вечер со Италија, ќе го играме и против Русија. Одиме на победа против домаќинот. Одиме да си покажеме на самите себе дека можеме да играме со големите репрезентации. Штета е што добрата игра со Италија не ја наградивме со победа. Но што е тука е, на крајот на денот излеговме со кренати глави по тој натпревар, кој ни даде некои насоки каде би можеле да ја унапредиме нашата игра, -истакна Бојан Трајковски и притоа додаде:

Ниту еден меч не е ист, па таков нема да биде ниту денешниот со Русија. Сепак, домаќини се. Имаат ‘потреба’ од уште една победа, и јасно е дека ќе притиснат, во желба да го осигураат пласманот на ЕП. Можеби имаат ‘поспор’ напад, но имаат ‘сајз’, доста висока постава, која ќе ни прави проблеми во нападот. Се надевам дека ќе бидеме уште подобри на овој меч, и дека не сме без шанси за успех, -заврши Бојан кој е еден од најискусните наши играчи.

Средбата се игра од 15:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни