Трајковски и Несторовски на чекор до враќање во Серија А

ace ile

Палермо ја победи Венеција со 1:0 во реваншот од полуфиналето на плејофот на Серија Б и на тој начин избори пласман во големото финале кое ќе го одлучи последниот патник во најелитното италијанско натпреварување.

Александар Трајковски беше стартер и играше до 76. минута, додека Илија Несторовски остана на клупата, а Палермо славеше со минимални 1:0 и тоа со автоголот на Домици постигнат уште во 5. минута. Со ремито на првиот натпревар, Палермо ја потврди доминацијата против Венеција чиј тренер е Пипо Инѕаги и сега во големото финале го очекува подобриот од двомечот Фросиноне-Читадела.

Facebook Коментари