Поврзете се со нас

Репрезентација

Трајковски: Не сме комплетни, но не смееме да бараме оправдувања

Објавено

на

Македонија ги започнува натпреварите од претквалификациите за Светското првенство во 2023 година, турнир на кој наш капитен ќе биде Бојан Трајковски.

Членот на Пелистер ќе ја заземе улогат на лидер од Војдан Стојановски кој поради повреда ќе го пропушти овој циклус, борбите против Швајцарија и Словачка. Освен Војдан фалат уште неоколку играчи како Дамјан, Ѓуроски, Димитријевиќ, Соколов, Јакимовски…меѓутоа без разлика на сите овие отсуства нема простор за оправдувања и изговори.

-Не е оправдување тоа што не сме комплетни и што има подмладување на репрезентацијата. Имавме период на подготовки, но мал број контролни натпревари, односно само две против Црна Гора и меѓу нас уште толку. И покрај се, одиме на победа, почнувајќи од дуелот против Швајцарија, па потоа и во следните три дуели од овој претквалификациски циклус.

-Сега секој секого може да победи. Го видовме тоа и во минатите квалификации за Европското првенство. Ако не извадиме максимум од нас, може да ни се случи некој разочарувачки резултат и затоа добро се подготвувавме овие денови.

-Што се однесува до помладите кошаркари, кажав веќе еднаш дека се ‘ветер в грб за нас’ и ни даваат елан со нивната енергија. Заедно треба да го оствариме тој добар резултат кој во иднина ќе биде многу важен за нив, – порача Трајковски пред почетокот на турнирот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни