Поврзете се со нас

Репрезентација

Трајковски: Не можам да ја опишам мојата радост, покажавме дека сме голема репрезентација

Објавено

на

Македонија направи големо изненадување против Германија, селекција која е една од најдобрите на светот.

„Црвено-црните“ се изборија за славје во Дуизбург со 2-1 со што дефинитивно направивме голем исчекор во нашата квалификациска група за пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година. Овој резултат ќе се памети, ќе остане запаметен во историјата, резултат за кој играчите допрва стануваат свесни.

Пред сè, јас сум среќен сум за победата која ја остваривме сите заедно, ова е еден голем успех за цела Македонија. Не е лесно да се дојде до тука, да се направи една ваква репрезентација, со ваков менталитет каде што може да се надигрува со сите репрезентации, тоа го докажавме.

-Навистина не знам како можам да ја опишам мојата радост, победивме една репрезентација која освојуваше светски првенства и со ова покажавме дека сме голема репрезентација и дека можеме да играме со сите, –истакна напаѓачот на Мајорка, Александар Трајковски.

Четата на Ангеловски по три кола во групата Ј се наоѓа на втората позиција со 6 бода, односно пред нас е само Ерменија која има максимални 9 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни