Поврзете се со нас

Репрезентација

Трајковски: Ќе недостасува Барди, но ова е добра шанса да видиме до каде сме како тим

Објавено

на

Александар Трајковски добро ја познава фудбалската култура во Турција и сезоната ја заврши во добар голгетерски ритам во својот Хајдук, па сега ќе претставува една од најголемите опасности за одбраната на „коцкестите“.

Пријателскиот натпревар меѓу Хрватска и Македониа се игра утре во Ријека, а оваа пресметка ќе биде добра шанса за домаќините да се воигруваат за Европското првенство, додека за нас одличен тест да се проверат силите во овој момент.

Главна цел за Македонија се квалификациите во Лигата на нации кои стартуваат од септември, па јасно е дека селекторот и репрезентативците посакуваат добра изведба за подобрување на самодовербата.

– Се подготвивме максимално за предизвикот со Хрватска. Очекувам еден добар натпревар, а подобриот нека победи. Секако дека Енис Барди, кој е преважен играч за нас, ќе ни недостасува во тимот, но јас се надевам дека секој играч кој ќе биде на теренот и ќе го замени на таа позиција, ќе го даде максимумот.

– Верувам во сите играчи во репрезентацијата. Доста од играчите во Хрватска ги познавам, се работи за врвни играчи и репрезентација. За нас ова ќе биде една одлична средба за да видиме до каде сме и да се подготвиме за циклусот во Лигата на нациите во септември, – изјави Трајковски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни