Поврзете се со нас

Македонија

Трајковски ќе го чува голот на МРК Куманово

Објавено

на

Македонскиот ракометен прволигаш МРК Куманово е супер активен во изминатиов период, а таа низа на потези ја продолжи со ангажман на уште еден играч, овојпат на голманската позиција.

Ново име во редовите на кумановци е Григор Трајковски, голман кој во минатото беше дел од Алкалоид и Мулти Есенс.

Трајковски е второ домашно засилување за суперлигашот по Стефан Лазаревски, плус беа доведени четири интернационалци, тројца Бразилци (Џанкарло Фелипе Хен (лев бек), Гилерме Да Силва Фернандес (десен бек) Жоао Виктор Соарес Флорес (кружен напаѓач) и Хрватот, Лука Матачиќ.

Составот на Куманово по 16. кола во Суперлигата е на 9. позиција со 8 освоени бодови. Првиот меч во новата година ќе го одигра против шампионот Еурофарм Пелистер во Битола.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни