Европски првенства
Трајковски: Горд сум што го израдувавме нашиот народ, Македонија ќе биде изненадување на ЕП!

Македонската сениорска репрезентација со пласманот на Европското првенство испиша нова страница во историјата, а воедно со тоа израдува многу луѓе во нашата земја и пошироко со оглед на тоа што долго време се чекаше на еден ваков успех, резултат на фудбалски план.
Овој билет за ЕП донесе среќа, задоволство, гордост и кај фудбалерите кои ќе можат да покаат што знаат и умеат на големата сцена со селекции како Украина, Австрија и Холандија кои се во нашата група. Овој резултат ќе се памети и за тоа говори најновата реакција на фудбалерот на шпанска Мајорка, Александар Трајковски.
-Чувството не може да се опише! Сон на секој фудбалер е еден ден да биде дел од така големо натпреварување. Драго ми е што сум дел од генерацијата која успеа по прв пат во историјата да ја однесе репрезентацијата на ЕП и горд сум што успеавме да го израдуваме нашиот народ.
-Мислам дека поседуваме одличен квалитет! Верувам и дека ќе бидеме убаво изненадување на претстојното ЕП, -истакна Трајковски за „Хотспорт. рс“.
Воедно напаѓачот ги издвои најдобрите играчи со кои досега соработувал во кариерата.
-Франко Васкез со кого поминав две години во Палермо, во моментов игра за Севилја. Александар Седлар е мој сегашен соиграч, кога го сметам за еден од најдобрите стопери во лигата и секако Горан Пандев! Тој е жива легенда на македонскиот фудбал и мој соиграч од репрезентацијата, -рече некогашниот член на Палермо кој за најголеми успеси во досегашната кариера ги посочи:
-Најголем успех го сметам фактот што играв во двете можеби најквалитетни лиги во Европа. Секако го издвојувам и историскиот успех со репрезентацијата, пласманот на ЕП, -заклучи Александар за српскиот медиум.

- Англијапред 24 часа
Овен и Бербатов согласни: Ливерпул нема да го победи Јунајтед во дербито на колото во ПЛ
- Италијапред 21 час
Лацио го доби големото дерби, Ана го исполни ветувањето и се соблече гола (ФОТО)
- Англијапред 22 часа
Салах: Кој ќе ја освои титулата во Англија? Ситуацијата е…
- НБАпред 23 часа
Адетокумбо постави анти-рекорд, Лејкерс дојде до петтата победа во низа (ВИДЕО)
- Одбојкапред 17 часа
Одбојкарите повторно покажаа „спартанско срце“: Македонија ја надигра Турција и се пласираше на ново ЕП!
- Светски првенствапред 16 часа
Брестовац ја посочи главната причина за двата тешки порази од Шведска и Египет
- Светпред 18 часа
Дешамп: Тоа што го изјави Бензема е неприфатливо, никогаш нема да му простам!
- Светски првенствапред 16 часа
Лазаров по убедливиот пораз од Египет: Не очекував ваков резултат