Поврзете се со нас

Шпанија

Трајковски доби 20 минути, Мајорка не успеа да ја изненади Севилја (ВИДЕО)

Објавено

на

Мајорка не успеа да направи изненадување и загуби на гостувањето во Андалузија кај Севилја со 2-0.

Двете екипи упатија идентичен број на удари кон голот на противникот (14 (5 во рамките на голот)), но домаќините беа поефикасни, поефективни, па во завршната фаза на двете полувремиња реализираа за освојување на трите бода.

Окампос во 41 минута со својот 14 сезонски гол го отвори резултатот, додека Ен Несири во 84 стави точка на сите дилеми околу победникот. Севилја има 66 бодови и е на добар пат да обезбеди пласман во ЛШ.

Мајорка за која нашиот Александар Трајковски вечерва настапи од 72 минута е на 19 позиција и во завршните две кола ќе се обиде да дојде до резултати кои ќе и овозможат да остане во Примера.


Реклама
Реклама
Реклама

Популарни