Трајковски дебитираше за Мајорка во пресметката со Барди и Леванте

trajkovski

Александар Трајковски пред неколку денови го официјалзираше својот договор со Мајорка, а пак вечерва го имаше своето деби во дресот на новиот шпански прволигаш и тоа во пресметката со Леванте на Енис Барди.

Напаѓачот доби шанса во второто полувреме или поточно во 66 минута, но не успеа да ја разбуди својата екипа поточно да помогне да се дојде до позитивен резултат. Имено Леванте на почетокот на вториот дел до 57 минута направи пресврт преку Леон и Мајорал за 2-1, резулат кој остана непроменет до самиот крај.

Во клубот од Валенсија низ сите 90 минути активен беше Барди.

Facebook Коментари