Поврзете се со нас

Балкан

Трајчевски се збогуваше со Докса: Тука се чувствував како дома…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/DoxaKatokopiasFc

Поранешниот македонски репрезентативец, Душко Трајчевски ја менува клупската средина и во иднина нема повеќе да биде дел од составот на Докса Катокопиас.

Тој од 2019 година настапуваше за тимот од Кипар за кој ја носеше и капитенската лента.

-Денес се збогувам со Докса, но со себе носам многу спомени, лекции и убави моменти кои ќе живеат со мене засекогаш. Ова беа едни од најдобрите години од мојата фудбалска кариера. Благодарност до сите во клубот, до тренерите и соиграчите што ги имав, секако до навивачите и мојот претседател. Бев многу среќен тука, вие направивте да се чувствувам како дома, -порача Трајчевски.

Искусниот играч за врска во досегашната кариера беше дел и од Локомотива, Тетекс, Работнички, додека на Кипар настапуваше и за Алки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни