Германија
Трагикомичниот гол кој го најави првиот пораз на Баерн од стартот на сезоната (Видео)
Баерн Минхен го претрпе првиот сезонски пораз во Бундеслигата, а тоа се случи денеска на гостувањето кај Мајнц кое не требаше да претставува посериозна опасност.
Кореецот Ли беше клучен фактор во големата победа која ја оствари аутсајдерот поради двата постигнати гола, но мора да се признае дека за првиот доби голема помош од ривалите.
Неверојатниот сплет на околности донесе две трагикомични реакции на Ким и Олис, а акцијата заврши со водечки гол на Мајнц која беше најава за лошото попладне на Баварците.
Ким најпрво имаше лошо избивање, топката комично се одби од главата на Олис, па иако Сиб испрати катастрофален удар, истиот со многу среќа заврши до Ли кој погоди за 1:0.
Трагикомедијата во шеснаесетникот на Баерн донесе најлош можен епилог за фаворитот, кој во продолжение прими уште еден гол, а до крајот постигна само почесен преку Сане за 2:1.
Овој пораз доаѓа во деликатен период од сезоната во која Компани има многу проблеми со повредени фудбалери, па така сега предноста во однос на Леверкузен изнесува само четири бода.
-
Светски првенства13 часа
Австрискиот селектор Пајовиќ пред дуелот со Македонија: Имам добро чувство
-
Свет22 часа
(Не)очекувана одлука: Нејмар го избрал клубот во кој ќе ја продолжи кариерата
-
Светски првенства12 часа
Одработен завршниот тренинг пред Австрија: Лазаров ги пренесе идеите, ракометарите треба да ги спроведат на дело (Фото)
-
Репрезентација22 часа
Капитенот игра во страшна форма: Кузмановски го изедначи рекордот на Лазаров
-
Англија14 часа
Аморим откри каква кратка порака добил од Фергусон при средбата на теренот
-
Англија12 часа
Историски трансфер: Гвардиола доби нов стопер вреден 50 милиони евра (Фото)
-
Шпанија14 часа
Симеоне „ископа“ изјава на Анчелоти во која Италијанецот зборува за судиски одлуки во корист на Реал (Видео)
-
Италија21 час
Малдини испратил специјален подарок за Ернандез (ФОТО)