Поврзете се со нас

Свет

Трагикомичен автогол го доближи ПСВ до ЛШ (Видео)

Објавено

на

ПСВ дојде на еден чекор од пласман во Лигата на шампионите преку домашното првенство, откако денеска оствари круцијална победа против Цволе на домашен терен.

Ајакс веќе неколку седмици е старо-нов шампион на Холандија, но како што стојат работите, ПСВ денеска го потврди второто место на табелата и си обезбеди место во прелиминарната фаза и квалификациите на Лигата на шампионите.

Тимот од Ајндховен славеше со 4:2 против тимот кој е сигурен на средина на табелата, а најава за триумфот беше неверојатниот автогол кој си го постигнаа гостинските фудбалери.

Дури тројца играчи беа креатори на бизарната акција на која не можеше да се изначуди и коментаторот, но најголем несреќник беше голманот Нос кој си ја смести топката во сопствената мрежа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни