Трагикомедија: Бартра и Бурки ја изрежираа глупоста на годината во Бундеслигата (Видео)

bartra-burki

Борусија Дортмунд ја продолжи катастрофалната серија на резултати и веќе го врза петтиот меч без победа во Бундеслигата, со тоа што дури четири од овие меча завршија со неповолен епилог, односно порази.

Штутгарт успеа да го искористи „слободниот пад“ на „милионерите“ и оваа вечер успеа да слави со 2:1 на отворањето на 12-то коло во Германија, а покрај тоа што домаќините беа помирни од фактот што во противничкиот табор не играше казнетиот Обамејанг, на вечерашниот меч добија и неверојатен подарок од страна на Бартра и Бурки.

Стоперот и голманот на Борусија ја изрежираа глупоста на годината во германската Бундеслига, а нивното смешно недоразбирање намеше проблеми да го казни Аколо кој ја погоди празната мрежа во петтата минута. Борусија пред крајот на полувремето успеа да израмни на 1:1, но сепак во вториот дел повторно потфрли и по една контра Брекало погоди за 2:1 што се покажа и како конечен резултат на овој меч.

Facebook Коментари