Поврзете се со нас

Балкан

Трагична вест од Србија: Поранешен голман на Партизан извршил самоубиство во Белград (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/FKPartizanBG

Српската спортска јавност ова утро пренесе една застрашувачка и трагична вест поврзана за Радиша Илиќ, поранешниот голман на Партизан кој во два наврати ги бранеше боите на клубот од Хумска.

Угледниот „Телеграф“ прв ја пренесе веста дека 47-годишниот Илиќ бил пронајден мртов пред својата зграда во која престојувал во Белград, сето тоа како резултат на самоубиство кое го извршил во текот на ова утро.

Според информациите на познатиот медиум, некогашниот голман на Партизан се самоубил со скок од тераса, при кој се стекнал со фатални повреди кои веднаш резултирале со смрт.

Поранешниот голман имаше два мандати во Партизан во периодот од 1998-ма до 2003-та и од 2010-та до 2013-та година, а навивачите посебно го паметат како човекот кој беше херој во пенал серијата со Андерлехт која ги однесе „црвено-црните“ во Лигата на шампиони.

Илиќ беше миленик меѓу навивачите на Партизан поради елиминацијата на белгискиот великан, а последниот негов работен ангажман во Партизан беше во 2016-та година, кога извршуваше функција тренер на голманите.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни