Трагичен крај на планинарската драма на Кајмакчалан, но спречена друга на Попова Шапка

kajmakcalan

Две лица го загубиле животот при планинарска експедиција на Кајмакчалан, откако заталкале во невремето кое ја зафатило групата од 50 алпинисти што се искачувала во областа Агиос Атанасиос. Станува збор за организирана група на планинарското друштво „Трансверзалец“ од Скопје која се обидувала да ги освои врвовите Кајмакчалан (2.528 мнв) и Кравица (1.682 мнв).

Грчките спасувачки служби ги лоцирале преку сигналот на мобилните телефони, но констатирале дека планинарите починале поради смрзнување. Според гласноговорникот на МВР во Битола, случајот во Македонија бил пријавен во три часот изутрина, а сигналот упатувал на 100 метри од македонската територија.

„Слободен печат“ повикувајќи се на МИА објави дека телата биле пронајдени на 2.524 метри надморска височина (целата сторија на овој линк).

„Вечер“ го објави идентитетот на двете лица : Калина Велевска (26) и Александар Миновски (35), упатувајќи дека едното тело било пронајдено во провалија, а другото премрзнато (целата сторија на овој линк).

Според телевизијата „24 вести“, потрагата почнала вчера во 14.30 часот, додека телата биле предадени на медицинските служби денеска во 13.30 часот (целата сторија на овој линк).

На Попова Шапка исто така било алармирано дека се загубиле две алпинистки, но според телевизијата „Алсат“ тие биле пронајдени и ја преживеале животната драма (целата сторија на овој линк)

Facebook Коментари