Поврзете се со нас

Европски првенства

Трагичарот во данскиот состав: Во Премиер лигата ни велат ова не е пенал, а ни го досуди англиски судија

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/DBUfodbold

Данската репрезентација се покажа како квалитетен ривал и тврд орев за домаќинот Германија, но остана без четвртфинале најмногу поради две ВАР одлуки кои беа донесени во период од неколку минути.

Најпрвин голот на Јоаким Андерсен беше поништен поради минимален офсајд, за неколку минути подоцна истиот фудбалер да игра со рака во својот шеснаесетник, што донесе реализација од пенал за Хаверц и Германија.

По средбата, данскиот репрезентативец кој се претвори во трагичар за својата селекција, истакнал дека не можел да поверува што досудил Мајкл Оливер во ситуацијата кога англискиот арбитар покажа дека ќе има пенал.

– Судијата го реши натпреварот со своите одлуки. Тоа беше најминимален офсајд кој сум го видел во кариерата, но офсајд си е офсајд.

– Но, да досудиш пенал во таква ситуација за мене е луда одлука. Четири години играм во Премиер лигата и пред секоја сезона судиите доаѓаат и ни ги објаснуваат правилата. Често зборуваме за правилата за играње со рака и ова никогаш не е пенал.

– Тој е одалечен половина метар од мене и ја шутира топката во мојата рака. Што сакате да направам? Ни велат дека ова не е пенал и на крајот англиски судија ни досуди таков пенал. Ова е луда одлука, – рекол фудбалерот на Кристал Палас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни