Поврзете се со нас

Англија

Трагичарот Сака директно им се обрати на фановите на Арсенал по нереализираниот пенал за победа (Фото)

Објавено

на

foto: https://twitter.com/premierleague

Арсенал доживеа непријатно дежа ви на гостувањето кај градскиот ривал Вест Хем, бидејќи втор натпревар по ред испушти убава и осетлива предност од 2:0 во раната фаза на мечот.

Откако упропасти предност од два гола на „Енфилд Роуд“ и остана само со бод, Арсенал поведе со 0:2 и кај Вест Хем, но потоа дозволи враќање на „чеканите“ и одново остана без победа и три бода.

Ова сериозно ја комплицира ситуацијата кога е трката за титулата во прашање, а епилогот е уште потежок за прифаќање ако се знае дека Сака не реализираше пенал при водство од 1:2.

Младата ѕвезда на Арсенал пропушти да го реши мечот и експресно беше казнет за тоа, па по мечот немаше проблем да ја преземе одговорноста и да им се извини на навивачите.

– Без разлика на исходот, јас секогаш ќе ја преземам одговорноста. Извинете „топчии“, ќе направам се што можам за да го поправам ова, – порача Сака.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни