Поврзете се со нас

Европски првенства

Трагичарот на Словенците: Ова боли, но ќе се вратиме уште посилни

Објавено

на

foto: x.com/nzs_si

Селекцијата на Словенија одигра храбро, борбено, фокусирано низ сите 120 минути со фаворизирана Португалија, но пенал серијата беше далеку од она што беше потребно и тука беше крајот за нив на настапот на 17. Европско првенство.

Словенците дефинитивно имаат за што да жалат особено едно име, Бенјамин Шешко кој не реализираше две 100 процентни шанси на дуелот, а особено ќе се памети онаа во 115 минута кога мораше да го искористи подарот од Пепе.

Токму соиграчот на Елиф Елмас се огласи на социјалните мрежи со една порака:

-Ова е болно, боли. Бевме толку блиску. Но, имам порака за вас: Паѓаш само кога ќе паднеш и останеш долу! Тоа не е опција кога имаме толку голема поддршка од вас! Ќе се вратиме и ќе бидеме посилни за ова болно искуство. Ви благодарам за поддршката, -порача напаѓачот на РБ Лајпциг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни