Трагичарот на Колумбија преживува голгота: Полицијата ми препорача да не излегувам од дома

tesiljo

Колумбиската фудбалска репрезентација без примен гол го заврши настапот на Копа Америка, но тоа се случи уште во четвртфиналето на Копа Америка, во натпревар во кој беше решен преку пенал рулетот.

Чилеанците се покажаа како подобри изведување на најстрогите казни, или поточно, Вилијам Тесилјо се претвори во голем трагичар откако не го погоди пеналот кој ја остави Колумбија без шанси за пласман меѓу најдобрите четири селекции. Вистинскиот хорор за Тесилјо следеше по натпреварот кога доби безброј закани по својот живот на социјалните мрежи, а колку сето ова станало сериозно ни открива самиот тој во интервјуто за „Ел Паис“.

– По промашениот пенал, два дена мислев на тоа што се случи и што можеше да се случи. Ми се свртеа многу работи во главата, се случи грешка која никогаш не изостанува во спортот. Во фудбалот има точни и погрешни потези и тоа мора да се прифати. Ги прифаќам сите критики, но заканите се повеќе од фудбал. Јас сум татко на фамилија, сопруг и син, има луѓе кои патат покрај мене, не сум само јас. Моите деца не сфаќаат зошто не можеме да излеземе надвор. Полицијата ми препорача да не излегувам од дома, заминавме за Ерменија, од таму потекнува мојата сопруга. Планот беше брзо да се вратиме во Колумбија кај мојот татко, но ситуацијата не го дозволува тоа, – открива дефанзивецот.

Facebook Коментари