Поврзете се со нас

Свет

Трагичарот на Белгија замина во репрезентативна пензија по разочарувањето на ЕП (Фото)

Објавено

на

foto: x.com/BelRedDevils

Белгија одигра речиси перфектен натпревар против Франција и не ги искористи своите шанси во обидот да ги казни „триколорите“, па на крајот „црвените ѓаволи“ беа тие кои се спакуваа и си заминаа дома по осминафиналето.

Иако Франција не брилјираше и не доминираше, на крајот успеа да победи со автогол на Јан Вертонген, а сега трагичарот на белгискиот тим одлучи дека е време да стави крај на репрезентативната кариера.

Искусниот стопер на 37-годишна возраст објави дека се повлекува од репреезентацијата, која ја напушта во доста тежок момент поради автоголот, но горд на се она што го направи изминатите две децении.

Вертонген е рекордер по бројот на одиграни натпревари за белгиската фудбалска репрезентација со 157 меча, далеку пред Аксел Витсел со 132 и Тоби Алдервајлд со 127.

Во своите 157 меча, Јан успеа да постигне и 10 погодоци, а беше дел и од генерацијата која го освои третото место на Светското првенство во 2018-та година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни