Поврзете се со нас

Англија

Трагичарот Лингард постигна фантастичен гол за победа, Де Хеа одбрани пенал во 95. минута (Видео)

Објавено

на

Џеси Лингар беше трагичар за Манчестер Јунајтед пред неколку дена во Берн, но ова попладне е еден од двата херои на Оле Гунар Солскјер во тешко извојуваната победа на гостувањето во Лондон.

Вест Хем и Јунајтед имаа по еден бод во џеб до 89-та минута поради головите на Бенрама и Роналдо во првото полувреме, но на неколку секунди пред истекот на регуларните 90, Џеси Лингард постигна фантастичен гол.

Крилниот фудбалер од почит кон Вест Хем не славеше пред навивачите кои му даваа огромна поддршка минатата сезона (играше на позајмица во лондонскиот клуб), па иако во тој момент се чинеше дека Јунајтед рутински ќе ја одработи задачата до крај, следеше шок во 93-та минута.

Лук Шо играше со рака во сопствениот шеснаесетник и Аткинсон мораше да покаже на белата точка по ВАР прегледот, а тогаш следеше уште почудна одлука и тренерска глупост од Дејвид Мојс.

Менаџерот на Вест Хем го стави во игра Марк Нобл за да го изведе пеналот, но незагреаниот играч за врска биеше доста лошо, а исто така Де Хеа одлично го прочита и ја обезбеди тешката и драматична победа за Јунајтед.

David de Gea is mobbed by the Manchester United players at full-time for saving a last minute penalty 👏 pic.twitter.com/IFi62ZQdd2

— Football Daily (@footballdaily) September 19, 2021

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни