Трагичарот Лаказет подлегна на непланирана операција, Арсенал излезе со официјално соопштение

lakazet-sok

Александер Лаказет изминатиов викенд беше вистински трагичар на дерби натпрварот кој го одиграа Тотенхем и Арсенал на „Вембли“, бидејќи во самата завршница на мечот успеа да упропасти две изгледни шанси за гол, особено онаа втората кога беше очи в очи со противничкиот голман Лорис.

Со својата лоша реализација, Лаказет го фрли во очај и обично мирниот Венгер, кој пак денеска доби лоши вести од медицинскиот тим кога е во прашање францукиот напаѓач. Венгер нема да може да смета на својот сонародник во наредните шест недели, откако денеска на Лаказет му бил откриен проблем на коленото по што веднаш подлегнал на непланирана операција.

– Напаѓачот Алекс Лаказет подлегна на артроскопска операција на левото колено ова утро. Малата процедура беше завршена успешно и сег претстои период на рехабилитација. Предивдено е да се врати во првиот тим во период од четири до шест недели, – се вели во соопштението на „топчиите“.

Facebook Коментари