Поврзете се со нас

Германија

Траги-комедија во Бундеслигата: Сакаше атрактивно да расчисти опасност, па си даде автогол за најавните шпици (Видео)

Објавено

на

Вердер Бремен и Борусија Менхенгладбах продожуваат со топло-ладно изданијата во Бундеслигата, со тоа што денешниот домаќин стигна до победа, а гостите претрпеа убедлив пораз.

Тимот од Бремен денеска беше посебно расположен во нападот и даде дури пет гола во мрежата на Менхенгладбах, но еден беше дело на гостински фудбалер.

Победата од 5:1 на крајот најмногу е одбележана од спектакуларниот автогол кој си го даде Рами Бенсебаини, кој постигна погодок во погрешната мрежа.

Дефанзивецот на Борусија сакаше атрактивно да расчисти опасност, но наместо тоа, се фрли во неверица себеси, но и своите соиграчи и тренерот.

Алжирецот си даде автогол за најавните шпици, а реакцијата на тренерот Фарке најдобро опишува што се случи на теренот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни