Поврзете се со нас

АБА лига

Трагедија во Србија, ненадејно почина поранешен кошаркар на Црвена Звезда

Објавено

на

blank

Непријатни вести стигнуваат од соседна Србија кои говорат дека поранешниот кошаркар на Црвена Звезда, Мајкл Оџо починал при денешниот тренинг.

27 годишниот Нигериец колабирал додека тренирал на стадионот на Партизан, веднаш бил испратен во Ургентниот центар каде за жал е констатирана смрт по неуспешната реанимација.

Оџо лани го носеше дресот на Црвена Звезда каде помина две години, а претходно една сезона беше дел од тимот на ФМП.

Во кариерата играл кошарка како член на колеџот во Флорида, а претходно играл во средношколскиот тим на Тенеси.

Мајкл Оџо со Црвена Звезда ја освои јадранската, АБА Лига во 2019 година, а се искачи на тронот и на српскиот шампионат.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни