Поврзете се со нас

Шпанија

Трагедија во Шпанија: Навивач почина за време на мечот Гранада-Билбао, натпреварот нема да се доигра!

Објавено

на

foto:twitter.com/Athletic_en

Трагична вест ни доаѓа од Шпанија и тоа од мечот од првата лига меѓу Гранада и Атлетик Билбао каде навивач почина на трибини, причина поради која нема да се доигра средбатта на „Лос Карменос“.

Гостите поведоа во 6 минута преки Ињаки Вилијамс, но само неколку минути подоцна се случи непријатна ситуација на трибините, мораа да интервенираат лекарските екипи на двата клуба, ама за жал ни тие не успеаа да го спасат навивачот кој доживеал срцев удар.

Се обиделе да го реанимираат, но не успеале, поради што е донесена одлука да не се доигра натпреварот. Двата тима изразија сочувство до семејството на починатиот навивач кој инаку бил голем поддржувач на Гранада.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни