Поврзете се со нас

НБА

Трагедија во семејството на Пипен: Скоти се прости со својот најстар син

Објавено

на

Голема трагедија се случила во семејството на НБА легендата Скоти Пипен, пренесуваат американските медиуми.

Најстариот син на поранешната кошаркарска ѕвезда, Антрон починал на 33-годишна возраст, а самиот Пипен ја потврдил информацијата преку социјалните мрежи.

Антрон имал хронична астма, а засега не е позната причината за смртта.

– Со скршено срце мора да споделам дека вчера се збогував со мојот најстар син Антрон. Двајцата не врзуваше големата љубов кон кошарката и имавме безброј разговори на оваа тема.

– Антрон имаше хронична астма, а ако не беше тоа, убеден сум дека ќе стигнеше до НБА, – напишал Скоти на социјалните мрежи.

Починатиот Антрон беше највозрасен меѓу осумте деца на Пипен и едиствено дете од врската со Карен МекКолум.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни