Поврзете се со нас

НБА

Трагедија во НБА: Млад навивач на Сакраменто починал за време на утринскиот меч (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/SacramentoKings

Сакраменто не успеа да се пласира во полуфиналето на НБА Купот и на домашен терен загуби од Њу Орлеанс со 117:127, но ова не е најлошата вест за Кингси од овој натпревар.

НБА натпреварите се добар повод за забава и опуштање на милиони кошаркарски фанови во Америка, а за жал еден денеска кој заминал на мечот на Сакраменто, веќе никогаш нема да се врати дома.

За време на првата четвртина од натпреварот кој се одигра рано утрово, еден фан на домашниот тим побарал лекарска помош, по што дваесетина минути подоцна била само констатирана смрт.

Намерно или не, оваа вест не била проследена до ниту еден од актерите кои играат доле на теренот, па лошата и трагична вест беше потврдена од Сакраменто дури неколку часа по натпреварот.

Американските медиуми пренесоа дека станува збор за кошаракски фан на возраст од околу 30-тина година, а причините за смртта засега се уште се непознати.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни