Свет
Трагедија во Москва: Познат летонски репрезентативец извршил самоубиство поради развод со сопругата
Реномираните руски медиуми пренесоа трагична вест за еден познат летонски кошаркар, кој како последица на депресијата во која западнал, решил да си го одземе животот на влез од една зграда за издавање апартмани во Москва.
Станува збор за познатиот летонски интернационален и поранешен репрезентативец, Јанис Тима, кошаркар кој во својата кариера играше за Зенит, Басконија, Олимпијакос, УНИКС, а беше дел и од НБА драфтот како голем талент во 2013-та година на кој беше селектиран од Мемфис.
32-годишниот кошаркар последно настапувал во Обрадоиро, но бидејќи решил да се врати во Русија да си ги решава личните проблеми, на крајот овој потег се покажал како кобен за неговиот живот.
Според информациите кои се пренесуваат во Русија, последица на трагичното самоубиство е неодамнешниот развод со неговата сопруга Ана Седокова, на која неофицијално и оставил и порака на телефонот кој бил пронајден до безживотното тело.
Тима своите најдобри кошаркарски настапи ги имаше за својата национална селекција, а вистински хајлајт на неговата кариера беа изданијата на Евробаскетот во 2015-та година.
Janis Timma, jugador con pasado acb, ha fallecido.
Mucho ánimo y fuerza a la familia y allegados.
Descansa en paz 🙏 pic.twitter.com/7VqxhDWMOc
— Liga Endesa (@ACBCOM) December 17, 2024
-
Англија24 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП18 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија16 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Шпанија17 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Репрезентација19 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Германија21 час
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Англија20 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)