Поврзете се со нас

Франција

Трагедија во Франција, играчите на Лориен и Рен сведоци на смртен случај по крајот на нивниот натпревар

Објавено

на

Вистинска трагедија во текот на денешниот ден се случила на стадионот на Лориен на кој клубот го пречека Рен во рамките од 16. коло од францускиот шампионат.

Имено, веднаш по натпреварот починал еден од луѓето вработени за одржување на стадионот откако врз него паднала конструкцијата која го држи осветлувањето со кое се грее теренот по крајот на секој натпревар.

По целиот инцидент работникот кој бил на 38 години веднаш бил префрлен во болница каде за жал им подлегнал на повредите.

Фудбалерите на двата тима биле сведоци на целиот инцидент затоа што не го напуштил естадионот, а за целата ситуација со краток коментар излезе и тренерот на Рен, Жулиен Стефан.

– Многу ни е тешо да не мислиме на тоа што се случи на теренот по натпреварот, -кратко изјави Стефан потврдувајќи дека биле сведоци на немилиот настан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни