Трагедија во Билбао: Полицаец го загуби животот во пресметката на навивачите на Атлетик и Спартак

baskija-policija

Жестоките физички пресметки меѓу навивачите на Спартак Москва и Атлетик предизвикаа човечка жртва во шпанскиот град Билбао.

Како што јавуваат медиумите, еден полицаец го загубил животот како последица на срцев удар кој му се случил при интервенција на локација каде дивееле фудбалските навивачи на двете екипи кои вечерва се сретнаа во натпревар од Лига Европа.

Иако полицијата се подготвувала за да спречи судир меѓу двете групи, неколку часа пред натпреварот започнала пресметка пред стадионот „Сан Мамеш“, откако руските фанови фрлале со шишиња и други предмети во групата баскиски навивачи.
Неколку навивачи и полицајци со сериозни повреди биле префрлени во болница, а припадник на баскиската цивилна полиција им подлегнал на повредите.

Facebook Коментари