Трагедија во Англија: Поранешна премиерлигашка ѕвезда загина во сообраќајна несреќа

Bryn-LennonGetty-Images

Поранешниот фудбалер на Астон Вила, Џилојд Самуел денес го загубил животот во сообраќајна несреќа, која се случила непосредно откако ги однел своите деца на училиште близу Манчестер.

Како што пишуваат медиумите во Англија, Самуел со својот автомобил се судрил со камион и за жал починал на лице место.

Самуел почина на 37 години, инаку е роден во Тринидад и Тобаго, но пораснал во Лондон каде ги направил и првите фудбалски чекори. Покрај Астон Вила во кариерата настапувал и за Вест Хем и Чартлон, а последен негов клуб во англиските лиги беше Кардиф. Пред крајот на кариерата се проба и во клубови како Естегал, Пајкан и Егертон.

Фудбалерот кој играше во одбраната ги помина сите младински репрезентации на Англија, а беше блиску и до сениорската затоа што доби повик од Свен Горан Ериксон пред Европското првенство во 2004 година. Сепак, Самуел на крајот се одлучи да ги брани боите на Тринидад и Тобаго.

Фудбалерите на Астон Вила во чест на прерано починатиот фудбалер денес на натпреварот против Дерби ќе носат црни ленти.

Facebook Коментари