Поврзете се со нас

Шпанија

Трагедија во Албанија: Поранешен соиграч на Барди почина откако колабираше на теренот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LevanteUD

Фудбалскиот натпревар од Првата фудбалска лига во Албанија меѓу Егнатија и Партизани не го дочека својот крај, а причина за тоа е големата трагедија која се случила на теренот.

Рафаел Двамена колабирал на теренот во 24-та минута и се струполил на земјата без да има било кој околу него, по што лекарите се обиделе да го реанимираат со брза реакција.

Албанските медиуми информираат дека 28-годишниот фудбалер од Гана навремено пристигнал во болница, но и покрај обидите за нова реанимација, на крајот била констатирана смрт.

Двамена имаше 28 години и собра 9 настапи за најсилната селекција за Гана, а најмногу се памети по настапите во шпанскиот фудбал, каде играше за Сарагоса и Леванте.

Рафаел две сезони беше соиграч на Енис Барди и ја делеше соблекувалнта со Македонецот во Шпанија, па меѓу првите кои ја потврдија жалната вест беше токму клубот од Валенсија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни