Трагедија: Почина поранешна освојувачка на Вимблдон

Jana Novotna

Трагична вест пристигна од Чешка. Тенисот изгуби поранешна освојувачка на Вимблдон и една од најдобрите тенисерки на деведесетите години, Јана Новотна (50).

Таа се бореше со ракот и на крај ја изгуби борбата. Нејзиниот најголем успех е освојувањето на Вимблдон во 1998 година, а претходно губеше во финалето од тогаш носителите на Вимблдон, првин во 1993 година од Штефи Граф додека во 1997 година од Мартина Хингис. Нејзиниот најголем успех е освојувањето на 2.место на ранг листата на ВТА на 7 јули во 1997 година.

Во нејзината кариера освои вкупно 24 ВТА титули во сингл и додаде уште 76 титули во дубл. Нејзиното портфолио беше збогатено и со два сребрени медала и еден бронзен медал од  Олимпијадите додека  со репрезентацијата на Чешка успеа да го освои Федерејшн купот во 1998 година.

Facebook Коментари