Поврзете се со нас

Свет

Трагедија на Дакар: Лидерот во генералниот пласман усмрти навивач, па се повлече од релито (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/dakar

Релито Дакар традиционално е најпопуларно и највозбудливо случување во мото-спортот на стартот на секоја нова календарска година, но најтешкото и најисцрпувачко рели во светот за жал секогаш со себе носи и немили настани.

Такво нешто се случило вчера за време на деветтата етапа, по која возачот Алеш Лопраис дознал дека прегазил навивач кој бил на недозволено место за време на етапата.

Лидерот во генералниот пламан во категорија на камиони воопшто не ни забележал дека го прегазил фанот од Италија, бидејќи тој се наоѓал зад една дина додека Алеш ја прескоканл истата со своето возило.

Од камерата од внатрешноста на камионот, навистина не се гледа моментот кога Алеш го удрил навивачот, но затоа Дакар објави и друго видео кое го покажува страшниот инцидент.

Италијанецот се здобил со повреди и му се слошило брзо откако бил прегазен, а три часа по инцидентот починал од срцев удар.

Поради големата трагедија, Лопраис реши да се повлече од Дакар и покрај тоа што беше лидер и имаше голема шанса да го освои релито.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни