Трагедија: Француски скијач го загуби животот на тренинг

David-Poison

Француските медиуми вечерва пренесоа трагична вест во која се вели дека како последица на тешки повреди заработени при спуст тренинг, животот го загубил скијачот Давид Поасон.

Трагедијата се случила во канадскиот зимски центар Накаска каде 35-годишниот Поасон настрадал тренирајќи за најопасната скијачка дисциплина. Французите традиционално се подготвуваат во оваа база пред северно-американската турнеја која започнува на крајот на ноември, а француската скијачка федерација не соопшти детали како дошло до несреќата.

Минатата сезона Поасон победи на спустот во Кицбил што е и негов единствен триумф во Светскиот куп во алпско скијање во кој обезбеди и 11 подиуми, а најголем успех му беше и сребрениот медал на спуст трката на Светското првенство во 2013 година.

Facebook Коментари