Поврзете се со нас

Македонија

Традицијата продолжува: Тројца млади играчи ќе добијат шанса во првиот тим на Металург

Објавено

на

Составот на Металург досега беше доста активен на пазарот и доведе четири засилувања Бранко Канкараш, Никола Потиќ, Момир Рниќ и Златко Хорват, но клубот од Автокоманда не заборава на својата школа, на млаите играчите, па така шанса во следната сезона во првиот тим ќе добијат тројца талентирани ракометари.

Се работи за левото крило Дарио Кофилоски (2000), пикерот Андреј Митиќ (2000) и за левиот бек Теодор Тодески (2002) кои ќе добијат шанса да работат под водство на Кастратовиќ.

Кофилоски и Митиќ  веќе имаат суперлигашко искуство со оглед на тоа што настапуваат за Металург 2, додека пак за Тодески ова ќе биде ново искуство и ќе дебитира во најсилната македонска ракометна лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни