Тото Волф за новиот болид на Мерцедес: Само дајте ми моторна пила…

Toto-volf

Екипата на Мерцедес ја очекува новата Формула 1 сезона како актуелен шампион, а денеска германскиот тим го претстави и болидот кој ја носи ознаката „W09“ и на кој првпат е вметната и „хало“ заштитата за возачот.

Воведувањето на овој елемент на сите болиди е најголемата промена во правилата за новата Ф1 сезона, а шефот на Мерцедес, Тото Волф, не крие дека не е фан на „ореолот“.

– Воопшто не сум задоволен од изгледот и ако ми дадете моторна пила, веднаш би го исекол од болидот. Ова е елемент кој предизвикува сериозни промени на центарот на гравитација и без разлика како ви изгледа визуелно, тоа е исто како да сме ставиле автобус врз Ф1 болид.

– ФИА правеше различни тестови и факт е дека вака пилотите се побезбедни, но не знам дали е земено предвид сценарио во кое возачот е приклештен во болидот, – потенцирал незадоволниот Волф.

Facebook Коментари