Поврзете се со нас

Формула 1

Тото Волф со интересен осврт за неговиот тим: Го анализирав падот на Манчестер Јунајтед…

Објавено

на

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф откри дека детално го анализирал падот на гигант како Манчестер Јунајтед со цел тоа да не се случи на неговиот тим кој долго време беше на врвот во Формула 1.

Волф истакна дека повеќегодишната доминација може да ги натера луѓето да мислат дека се недопирливи, нешто што би им се удрило од глава, каков што сега е случајот со англискиот тим.

Манчестер Јунајтед се уште е тим со најмногу титули во англискиот шампионат, но веќе десет години се далеку од кремот на светскиот фудбал, а Волф истакна дека точно го проучувал нивниот пад.

– Проучував зошто големите тимови не се во можност да ги повторуваат успесите после толку години доминација, посебно тука за пример го зедов Манчестер Јунатјед под водство на Алекс Фергусон. Во нашиот случај, ниту еден тим не врзал осум титули со ред, како што тоа го направи Мерцедес, и постои добра причина за тие успеси, а секако најважниот фактор е човекот.

– Луѓето потоа стануваа пресигурни во тоа што го работат, посебно кога нижат одлични резултати. Почнуваат да размислуваат дека се непобедливи  наместо да продолжат да напредуваат и да бараат начини како константно да ги подобрат резултатите, -изјави Волф кој потоа истакна дека во моментов ужива затоа што работите во Мерцедес не одат во најдобра насока за нив.

– Искрено, некако уживам што работите во овој момент не одат во најдобар правец за нас, а причината за тоа е што ова сега за нас е базата за долгорочен успех, -потенцираше Волф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни