Поврзете се со нас

Италија

Тоти: Жалам што така заврши мојата приказна за Рома

Објавено

на

Франческо Тоти е еден од асовите кој целата своја кариера, активен фудбалски живот му го посвети на еден клуб-тоа е Рома.

Тоти е дете на „волчицата“ за да во 1993 година влезе во првата екипа и биде член на истата до 2017 година кога одлучи да се повлече, стави крај на кариерата иако тој сметаше дека се уште може да му помогне на клубот.

Италијанецот се наврати назад и откри дека жали што така заврши неговата приказна со клубот од Рим.

-Поминав триесет години во Рома. Покажав почит кон сите, му кажав „НЕ“ на Реал и на другите затоа што го сакав само дресот на „џалороси“ кој е испечатен во мене. Ми беше жал што така заврши мојата приказна за Рома. Вистината е дека кога веќе не си потребен во фудбалот, веќе нема почит.

-Ако јас, Малдини, Дел Пјеро, Баџо сме надвор од фудбалот, тоа нешто значи, -истакна Тоти кој би прифатил некоја улога во Рома.

-Секако со дефинирана улога би сакал, од причините што ги кажав претходно. И јас би сакал со Мурињо, тој е број еден, многу го почитувам. Жалам што не бев трениран од него во кариерата. Но не сакам да се навраќам на тоа. не сакам да барам. Во Рома знаат дека ако им требам, за сериозни работи, со задоволство ќе подадам рака. Инаку, пријатели како порано, -порача принцот од Рим.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни