Поврзете се со нас

Италија

Тоти за тандемот Дибала-Лукаку: Едвај чекам да ги видам заедно на теренот

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Франческо Тоти во своето последно интервју за италијанските медиуми зборувал за можноста да се врати во Рома, за своето почитување кон Жозе Мурињо, но и за новиот офанзивен тандем на „волчицата“.

Во пресрет на дуелот на домашен терен против Емполи, Тоти истакнал дека е возбуден што веројатно првпат ќе може да ужива во тандемот Дибала-Лукаку во нападот на Рома.

– Досега не сме ги виделе да играат заедно и очекувам тоа да се случи против Емполи. Едвај чекам, – рекол Тоти.

– Точно е дека Мурињо посакува да се вратам во клубот, не велам дека тоа не е возможно.

– Се надевам дека тој ќе остане долго во Рома, се работи за најдобриот тренер. Потребни ви се квалитетни фудбалери за добри резултати, но и топ тренер, а Мурињо и Анчелоти се најуспешни тренери. Звучи навредливо кога некој го критикува Жозе, – истакнал Тоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни