Поврзете се со нас

Италија

Тоти за новата дестинација на Дибала: Се е готово, ако зависеше само од него…

Објавено

на

Легендарниот италијански ас, Франческо Тоти беше еден од оние кој притискаше и веруваше дека Пауло Дибала може да заврши во Рома, но на крајот Аргентинецот по се изгледа ќе избере друг правец, друг клуб иако ќе остане во Италија.

Офанзивецот е на добар пат да стави потпис со Интер и тоа го знае принцот од Рим.

-Знам како се одвиваа работите и сè уште сум во контакт со него, но мислам дека е готово. Не беше се до Дибала. Ако зависеше само од него, ќе имавме добри шанси, -вели Тоти кој имаше и совет за Николо Ѕаниоло кој е поврзуван со Јувентус и Милан.

-„Веќе разговарав со Николо пред некое време и му дадов неколку совети, но не сум сигурен дали тоа вроди со плод. Ако остане во Рома, тој треба да ја разбере важноста на овој дрес за да може да им оддаде почит на навивачите. Изборот е на него и на клубот, доколку сакаат да продадат. Знам што би сакал да правам со Ѕаниоло, -истакна Франческо за „Скај Спорт Италија“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни